Игор Ангеловски нов селектор на Македонија

Игор Ангеловски нов селектор на Македонија
Игор Ангеловски нов селектор на Македонија

Нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија е Игор Ангеловски. Тој ќе го заземе селекторското место на кое досега беше Љубинко Друловиќ, а Ангеловски беше еден од помошниците во стручниот штаб.

Ангеловски во последните сезони е еден од најуспешните домашни тренери откако во сезоната 2013/14 како тренер на Работнички ја освои двојната круна, а лани со својата екипа триумфираше во Купот на Македонија.

Под негово водство Работнички летово имаше успешен настап во квалификациите на Лига Европа, кога во баражот беше елиминиран од Рубин Казан.

–  Ова е голем предизвик за сите нас. Никој не може да гарантира успех, но можеме да ветиме многу работа. Не стравувам од предизвикот и не се плашам да ја превземам одговорноста иако резултатите од последниот квалификациски циклус и пласманот на ФИФА листата не ни одат во прилог. Сметам дека тоа не е одраз на реалниот квалитет на фудбалерите и ќе направиме се што е во наша можност да го поправиме впечатокот. Имаме фудбалери со силен карактер и заеднички треба да направиме тим во функција на резултатот. Многу добро знам што значи репрезентацијата за сите нас, не само во фудбалот и оттука нема поголем мотив да се вложам себе и тимот се со цел да оствариме подобри резултати, изјави Игор Ангеловски откако официјално доби доверба да ја предводи репрезентацијата.

Своето деби Ангеловски на клупата на Македонија ќе го има за помалку од еден месец и пријателскиот натпревар со Црна Гора на 12.ноември во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.