Игор Дурловски, нов директор на Македонската опера и балет

Министерството за култура вчера го назначи оперскиот солист Игор Дурловски за нов директор на Македонската опера и балет.

– Дурловски е познат бас и контра-тенор кој кариерата ја почна на сцената на МОБ и успешно ја продолжи на меѓународните сцени, информира Македонската опера и балет.

Дурловски доаѓа на местото на Дејан Прошев кој функцијата директор на МОБ ја извршуваше од 2010 до 2014, а од крајот на минатата година беше в.д. директор на оваа национална установа.