Игор Дурловски – Од Миланската скала и светските оперски сцени до кривичен прогон за тероризам во родната Македонија

Игор Дурловски од Миланската скала е приведен за тероризам бидејќи ја бранеше својата земја Македонија. Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во „Евридика“ на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта „Посета на старата дама“ на Готфрид Фон Ајнем. Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Оттогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар. Командувајќи на сцената и исполнувајќи го театарот со својот моќен и елоквентен бас, Дурловски толкува мноштво на ликови напишани од голем број познати автори.

Инструментот на овој бас, Македонската опера и балет, во периодот 2000 до 2002 година го користи во продукциите на оперите Lucia di Lammermoor, Il Trovatore, Don Giovanni, Turandot, Il barbiere di Siviglia, La forza del destino, Rigoletto, Aida, но и многу други. Неговиот мудар славјански тон, кој е вистинско богатство за ушите на слушателите, зема замав и во повеќе оперски куќи во светот. Градејќи вокален климакс, под патронат на диригентот Пол Вајголд, во 2001 година Дурловски дебитира во улогата на Nonacourt во операта Il capello di paglia di Fireza во продукција на Виенската Камерна опера. Тогаш започнува и обликувањето на елегантната вокална техника на овој голем македонски уметник во камерното студио на КМС Оливера Миљаковиќ. Драматичните и лирски особености на овој бас со годините, ќе станат препознатливи и по мистериозно длабокиот резонантен глас на овој пејач, кој во 2004 година ќе стане дел и од новите продукции на Виенската камерна опера, Ballo delle Ingrati Euridice.

Биографијата на Игор Дурловски бележи и концернти изведби на грандиозни дела како Бетовеновата Деветта симфонија, Моцартовиот Реквием, Вердиевиот и Моцартовиот Реквием, 14-та Симфонија на Шостакович, Радомировиот Псалтир на Димитрије Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други.

Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето. Тој е познат во оперските куќи меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Оперската куќа во Мунстер, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот Народен Театар во Загреб, Осиек и Риека, Тиранската Опера, Битолската Опера и други. Соработувал со Wienna Residence Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика „Алеа“.

Во моментов живее во Германија а до 2004 година се усовршува кај своевремено најпознатиот светски бас, Бугаринот Николај Ѓауров. Под раководство на Игор Дурловски, Македонската опера и балет (МОБ), на 9 мај годинава беше одликувана со Орден за заслуги за Македонија од претседателот Ѓоре Иванов.

Денеска, рано наутро, полицијата го уапси Игор Дурловски, а неколку часа подоцна Основното јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција соопшти:

По преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка.По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.

Меѓу 36-те осомничени лица е и македонскиот оперски великан Игор Дурловски.

Во Кривичниот законик на Република Македонија, член 313 се вели:

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

Игор Дурловски во неговата родна Македонија стана осомничен терорист, на кој му се заканува 10 години затворска казна.

Дурловски е осомничен затоа што беше еден од предводниците на големите протести „За Заедничка Македонија“, кои се претворија во упад на насобраниот народ во Собранието, во момент кога на незаконски начин владејачкото мнизинство предводено од СДСМ, го назначи Талат Џафери за претседател на законодавниот дом. Ској ден на почетокот на протестите на „За Заедничка Македонија“, беше означуван со пеењето на химната на Македонија од страна на Игор Дурловски.

Масовните протести на „За заедничка Македонија“, или симболично наречени „Четври Илинден“, се одржаа во голем број градови во Македонија, и почнаа кон крајот на февруари, годинава, а завршија кон средината мај, годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.