На Игор Џамбазов му следува уште една операција

Легендарниот Игор Џамбазов доживеа инфаркт
На Игор Џамбазов му следува уште една операција

Шоуменот Игор Џамбазов вчера се јави во емисијата „Јади бурек“ на Сител 3, откако се рашири информација дека доживеал инфаркт. Тој потврди дека бил опериран и додаде дека се чувствува добро иако набрзо му следува уште една операција.

Но, не станува збор за инфаркт туку за затнување на вените на нозете поради што му бил вграден стент.

Гледачите на популарната емисија „Јади Бурек“ се јавуваа за да му дадат поддршка на Џамбазов и да му посакаат добро заздравување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.