Игор Ивановски-Шема треба да и плати отштета на Канческа-Милевска од 5.000 евра

Основниот суд Скопје 2 денеска денесе пресуда дека Игор Ивановски- Шема, треба да и плати оштета од 300.000 денари на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, поради тоа што во повеќе наврати против неа изнел бројни квалификации со кои и’ ги нарушил угледот и честа, пишува Курир.

Ивановски, како што одлучи Судот, сепак немал никакви аргументи за нападите кон министерката Канческа-Милевска околу проектот Скопје 2014 и се што кажал на неколку прес-конференции во штабот на неговата партија биле само лаги, клевети и навреди.

Судскиот совет ја усвои тужбата на Канческа-Милевска поденесена пред три години и донесе пресуда дека се утврдува граѓанска одговорност на тужениот Ивановски, кој како што потврди и Судот, ја наклеветил на Канческа-Милевска, изнесувајќи пред медиумите неточни информации со цел да и го наруши угледот.

Ивановски во својство на член на извршниот одбор на СДСМ на прес-конференции одржани на 3-ти, 4-ти и 5-ти ноември 2010 година неосновано клеветеше дека „проектот Скопје 2014 е класична пералница за пари“.

Тогаш СДСМ обвини дека недостига тендерска документација за внатрешното уредување на Музејот на ВМРО. Со оваа одлука на Основниот суд Скопје 2 во вода паѓаат обвинувањата на Ивановски кои и во судска постапка се докажаа како обична манипулација за собирање на партиски поени.