Игор Неделковски го вклучи Прилеп на листата на добитници на Рeно Твинго

Во просториите на Државна лотарија во Скопје денеска беа предадени клучевите на 16-от автомобил Рено Твинго Тренд од инстант лотаријата Твингоманија. Добитникот на автомобилот со нескриено задоволство ја сподели со нас неговата среќна приказна порачувајќи на сите кои играат игри на среќа да продолжат да играат и веруваат во тоа дека секој има свој среќен ден и среќан миг. 

Игор е пасиониран редовен играч на Бинго, а татко му уште од време на почетоците на играта Лото на поранешните ЈУ простори ги игра истите бројки, се уште нема поголема добивка, но пополнувањето ливче и уплатата му се како ритуал кој го радува и исполнува. По навиките на својот татко кој редовно уплаќа полно ливче НовоЛото во секоја среда и сабота, Игор не испушта понеделник а да не уплати барем една Бинго картичка, а за кусурот до 100 денари зема инстант лоз. Неговото редовно место за уплата – киоскот АЈ НИКА во Прилеп, се покажа и како негово СРЕЌНО МЕСТО. Во понеделникот на 10ти март за кусурот од Бинго уплатата земал инснат лоз Твингоманија. Посегнал по првиот пред него, без да избира, па очигледно Твингото го избрало него, бидејќи во изгребаните полиња се покажале трите симболи за добивка автомобил.

Ова му е на Игор прв автомобил, па возбудата кај него, неговото семејство и пријателите е дотолку поголема. Од денот на гребење на добитниот лоз, тој го подигна своето РЕНО ТВИНГО ТРЕНД за неполни десет дена, а во меѓувреме веќе знаеше се за овој штедлив симпатичен автомобил. Му објаснивме дека данокот не е негова обврска, а покрај со автомобилот, од просториите на Државна лотарија на Македонија си замина и со уште 6000 денари на сметка. Тимот на Државна лотарија запиша уште една среќна приказна вредна за споделување и прераскажување.

Клучевите од автомобилот му ги предаде убавата Марјана Станојковска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.