ФОТО: Игор и математички покажа колку ја сака Северина

Игор Којиќ и понатму се обидува да пронајде романтичен и оргинален начин да ја освои Северина. Овој пат математички покажа колку ја сака!

Тој на својот инстраграм објави фотографија заедно со Северина и под неа напиша порака која малку е збунувачка.

Игор и математички покажа колку ја сака Северина
Игор и математички покажа колку ја сака Северина

– Математичката константа π (3.14159….) често се користи во математиката и физиката, π е буква во грчка алфабета и се менува со π кога е недостапно. Во еуклидската планиметрија, π може да се дефинира како однос помеѓу обемот и дијаметарот на кругот, љубовта кон планетата која е бесконечна, или ако површината на кругот е полупречка 1 (единствен круг).

Игор се обиде преку инстраграм да ја опише својата „бесконечна љубов“ и математички покажа колку ја сака, ама по се изгледа не го доби посакуваниот одговор од неговата сакана.

-Не можеше ли едноставно само да пишеш „те сакам“?

Ова е коментарот на Северина на пораката, со што покажала дека воопшто не и е јасно што сакал Игор да каже.