Македонија

Игор Стефановски – Иџе со хуманитарен настан во Прилеп

Игор Стефановски – Иџе со хуманитарен настан во Прилеп

Хуманитарен настан на Игор Стефановски – Иџе со пријателите се одржа вчеравечер во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Настанот започна со мини концерт на легендарниот македонски гитарист Влатко Стефановски, потоа преку приказна за животот испреплетен со подеми и падови, за семејството, соработниците, како и за најголемите постигнати успеси говореа Гордана Нацева, Ѓорѓе Војновиќ, Милован Стефановски, Михаил Ренџов, Петар Стефановски и Игор Стефановски – Иџе.

idze

Собраните средства ќе бидат донирани за опрема на сензорската соба за деца со аутизам која е во подготвителна фаза, а е сместена во просториите на ОУ „Климент Охридски“. Настанот беше збогатен и со повеќе уметнички творби на сликарот Живко Поповски – Цветин.

idze2