Игор Тантуровски, нов директор на ДКСК

Игор Тантуровски е избран за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Изборот на Тантуровски доаѓа по завршувањето на мандатот на досегашниот  претседател на ДКСК Горан Миленков.

– Државната комисија за спречување на корупцијата поради завршување на мандатот на Претседателот на ДКСК Горан Миленков, согласно со членот 48 од Законот за спречување на корупцијата за Претседател на  Државната комисија за спречување на корупцијата едногласно го избра Игор Тантуровски, се вели во денешното соопштение од ДКСК.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата се избира од редот на постојните членови на ДКСК, со мандат од една година.