„Игра на престолите“ и „Мис Мејзел“ најголеми победници на Еми

Сериите „Игра на престолите“ и „Чудесната г-ѓа Мејзел“ се најголеми добитници на годинешните доделувања на наградите Еми коишто се одржаа во понеделникот во Лос Анџелес.

За најголеми губитници, пак, се сметаат дистописката „Приказната на слугинката“ и FX надреална хип-хоп комедија „Атланта“ кои не освоија ниедна награда, како ниту ѕвездите Елизабет Мос и Доналд Гловер.

Средновековната фантастичка серија на HBO „Игра на престолите“ освои вкупно девет Еми, вклучително и технички награди за специјални ефекти и каскадери, и по третпат е прогласена за најдобра драмска серија, победувајќи ја „Приказната на слугинката“, минатогодишниот лауреат.

Netflix, кој имаше најмногу номинации 112, на крајот заврши изедначен со HBO со 23 добиени награди.

Серијата „Чудесната г-ѓа Мејзел“ на Amаzon за домаќинка од 1950-те години која свртува кон стенд-ап комедија, ја зема наградата за најдобра комедија. Освои уште седум награди, меѓу кои и онаа за најдобра актерка во комедија која ѝ припадна на Рејчел Броснахен

За најдобра драмска акторка е прогласена Клер Фој за нејзината улога на кралицата Елизабета во серијата „Круна“ на Netflix. „Ова не требаше да се случи“, рече изненадената Фој.

Мет ју Риз ја однесе наградата за најдобра актер во драма за ролјата на руски шпион во последната сезона од „Американци“ серијата на Fox за Студената војна. „Saturday Night Live“, пак, е награден за најдобра вариете програма и со тоа го доби 72-то Еми од 1975 година.

Водителите на церемонијата на доделувањето на наградите Мајкл Че и Колин Џост во текот на програмата се шегуваа на сметка на различностите на телевизиите, сексуалните ексцеси и индустријата за забава и моќта на сервисите за стриминг сериите како што се на Amazon и на Netflixa.

„Претставува голема чест да ја споделам оваа ноќ со многуте многуте талентирани и креативни луѓе во Холивуд кои сé уште не се уловени“, рече Че алудирајќи на десетиците мажи кои минатата година се сменети поради низата обвинувања за сексуално вознемирување.

Ова се победници на сите важни категории:

Најдобра драма серија: „Игра на престолите“, HBO

Најдобрата комедија: „Чудесната г-ѓа Мејзл, Amazaon

Најдобра мини-серија: „Убиството на Џани Версаче: американска криминалистичка приказна“, FX

Најдобар актер во драма: Метју Риз за „Американкци”

Најдобра актерка во драми: Клер Фој за „Круна”

Најдобар актер во комедија: Бил Хадер за „Бери”,

Најдобра актерка во комедија: Рејчел Броснахен за „Чудесната г-ѓа Мејзл“,

Најдобар актер во мини-серија: Дарен Крис за „Убиството на Џани Версаче: американска криминална приказна”,

Најдобра актерка во мини-серија: Регина Кинг за „Седум секунди”,

Најдобра вариете програма: „Сабота вечер во живо”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.