Игра на судбината: Жената што загина во автобуската несреќа, инсистирала да седи на тоа место

Игра на судбината: Жената што загина во автобуската несреќа, инсистирала да седи на тоа место

Жената  која загина во собраќајната несреќа кај Бубањ поток, Д.П. (35),  пред поаѓање од Грција инсистирала од патничката која седела на нејзиното место да ги заменат местата.

Настраданата жена дошла до патничката Н.Б. која седела во долниот дел на автобусот , барајќи од неа да седне на местото на кое после само десет часа добила тешки повреди од кои загинала, пренесува српски „Курир“.

-Пред да тргнеме за Белград, госпоѓата која седеше покрај мене инсистираше да ги замениме местата, убедувајќи ме дека таа го резервирала. За да не се расправаме, и излегов пресерт и се преместив, вели патничката Н.Б. која поминала со полесни повреди.

Според сознанијата на овој медиум, настраданата патувала со мајка си и ќерката. Засега нема информации за нивата состојба.