Играј за забава на плажа

Под мотото Играј за забава, тимот на Државна Видеолотарија на РМ, ја носи забавата на плажите низ Македонија.

На одмор сите имаме потреба од забава, уживање и покачен адреналин. Токму тоа и го спакувавме во нашите игри, кои сакавме да бидат достапни на најубавите плажи во Македонија. Сите сакаме убави сеќавања од одмор, па затоа тимот на ДВЛМ ви овозможи да ја направите најубавата разгледница од вашиот летен одмор.

zabava-640x360

Топки во вода, кајак, рибарење, сумо борби, мини фудбал, но и многу подароци е сето она што ве очекува на плажите каде се среќаваме. Најважно за сите е тоа што овој забавен пакет, Државна Виделотарија ви го овозможува бесплатно. Единствено што ви треба е желбата за добра забава.

1zabava-640x480

Плажите Потпеш, Куба Либре и Градиште во Охрид, Аквариус во Струга, плажата на хотелот Полин во Дојран се местата кад се среќаваме во текот на изминатите два викенди. Следниов викенд кој ќе биде финален на нашиот караван,  очекуваме вистинска експлозија на забава.