Играле пиштоли во скопско Глумово

Расправија прераснала во тепачка и пресметка со пиштол во скопско Глумово.

Вчера околу 12 часот на авто-пазарот во атарот на селото, по претходна расправија и физички напад помеѓу Ј.Ј.(55) од с.Паничари и Б.И.(51) од с.Копаница, Б.И од пиштол испукал еден куршум во правец кон Ј.Ј. при што проектилот завршил во патничко возило „фолксваген“, по што истиот се дал во бегство.

По преземени мерки Б.И е пронајден и приведен, се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поснесен соодветен поднесок.