Игралиштето во Крњево со нов лик

На барање на жителите, старото игралиште во Крњево е оградено со метална ограда висока 4,20 метри со преземениот зафат дадена му е дефинција на просторот.

„Поранешниот простор во трапезоиден облик сега е место за мал фудбал и уличен баскет. Ставен е кош по ФИБА стандардите и поставени се два гола за мал фудбал. Општина Центар ќе го доуреди игралиштето со нов, гумен под и со нови реквизити. За следната година во план е обработка на теренот. Ќе се отстрани искршениот асфалт и ќе се замени со нов“, информираат од општина Центар.