Играме против Аргентина, а не против Меси

Селекторот на Белгија, Марк Вилмотс, ги потцети фудбалските медиуми и ги предупреди своите фудбалери дека во саботниот четвртфинален дуел, Белгија ќе игра против репрезентацијата на Аргентина, а не против фудбалскиот “магионичар”, Лионел Меси.

“Горди сме на остварениот успех, но не смееме да запреме овде, без оглед на фактот дека играме против Аргентина. Сите говорат за Лео Меси и како ќе го запреме фудбалерот на Барселона, но тоа е погрешен пристап. Ние играме против Аргентина, не само против Меси, добро знаете дека Аргентинците имаат огромен број врвни фудбалери во своите редови. Тие се моќна репрезентација, но Швајцарија покажа дека може да се одигра квалитетно и да се запрат нивните налети. Јас сум презадоволен од начинот на кој игравме против САД, покажавме одличен офанзивен фудбал, но Аргентина има подобра одбрана од Американците и сигурно ќе ни биде многу потешко да создаваме шанси отколку во осминафиналето“, изјави Вилмотс.