Игри за незаборавен секс…

Партнерите секогаш треба да се трудат во својот сексуален живот да ја спречат рутината, па затоа во продолжение прочитајте неколку совети за секси игри по кои што ќе имате незаборавен секс.

Соблечете ја облеката и лежете на креветот, додека вашиот партнер стои на вратата од спалната соба. Тестирајте го колку знае за вас така што ќе му поставувате најразлични прашања, од тоа која е вашата омилена секс поза, па се до тоа кое е вашето омилено место за одмор…

За секој точен одговор, тој добива дозвола за еден чекор нанапред, а доколку погреши, нека се врати еден чекор назад. Дозволете му да ви се доближи дури кога ќе има доволно точно одговори. Исчекувањето сигурно ќе ве возбуди и двајцата, а можете да научите и неколку нови нешта за вас.

Поставете неколку чаши на двата краеви од масата и земете онолку топчиња колку што има чаши. Секој од вас наизменично нека се обидува да ги фрли топчињата во некоја од чашите од спротивната страна, па кога ќе се постигне погодок, другиот мора да соблече парче облека од себе. Кој прв ќе ги погоди сите чаши, односно ќе ги внесе сите топчиња, тој има “право” од партнерот да бара сексуална услуга по избор, пишува “Cosmopolitan”.

Земете карти и на секој од знаците на картите доделете му одредено секси значење. На пример, срцето нека значи бакнежи, листот нека претставува масажа, детелината би значела рачна стимулација, а баклавата нека биде орално задоволување на партнерот.

Наизменично извлекувајте по една карта и правете го она што картите ќе ви го “наредат”. Така, доколку извлечете деветка детелина, вашиот партнер мора да ве масира девет секунди.

Седум минути рај – едноставно, навијте го алармот да ви ѕвони за седум минути, а потоа започнете со акцијата! Чувството на временска ограниченост сигурно ќе влијае и на вашите, но и на страстите на вашиот партнер.

Сокријте ги секси играчките, како што се лисиците, вибраторите и слично, на различни места во домот и натерајте го партнерот да ги најде. Кога ќе ги најде лисиците, употребете ги еден на друг, пред да преминете во потрагата по следната играчка.

Направете список на секси нешта кои што посакувате вашиот партнер да ги направи до крајот на денот и истиот покажете му го. На пример, сакате да ги соблече вашите гаќички само со помош на забите или да ве храни со јагоди кои што претходно ќе ги потопи во шлаг и чоколадо.

Секако, она што е најважно е и двајцата партнери да се согласат на ваквите игри и незаборавното уживање во ова искуство е загарантирано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.