Игрите на среќа ќе ги збогатат содржините на Пивофест во Прилеп

Деновите на пивото и забавата во Прилеп ќе бидат и денови за среќа со можност за парични добивки, скутери и автомобили за сите кои ќе го посетат штандот на Државна лотарија на Македонија.

Инстант среќата ќе им биде на дофат на сите посетители преку инстант лозовите: Среќни коцки кој нуди добивки до 1.000.000 денари; Подароксо можност за добивки до 1000 евра; 7ма Брзина со понуда на атрактивен автомобил Голф 7; Смајли за добивка скутер; Хороскоп- експрес лоз кој за 20 денари нуди добивки до 30.000 денари; Твингоманија со понуда на 40 автомобили Рено твинго тренд и други лозови кои нудат парични добивки.

Ги покануваме посетителите на Пивофест во Прилеп од денес па се до 21ви јули да се вклучат во големиот круг на добивки и забава со инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.