Спорт

Игуаин со раширени раце го чека Маскерано

Игуаин со раширени раце го чека Маскерано

Најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Гонзало Игуаин, откри дека спортскиот директор на „азурите”, Бигон, преговара со раководните лица на каталонскиот гигант Барселона, околу можниот трансфер на неговиот сонародник, Хавиер Маскерано.

„Добро знаеме дека многу е тешко да се ангажира квалитетно засилување за време на зимскиот преоден рок. Исто така знам дека нашиот спортски директор Бигон ќе даде се од себе. Се надевам дека ќе купиме уште некој квалитетн фудбалер. Точно дека сме на победничката патека, но со евентуалното засилување ние можеме да бидеме уште подобри. Нашите фанови ќе бидат пресреќни ако клубот ги осигура и услугите на Хавиер Маскерано. Хавиер е вистински борец, а Бенитез одлично го познава. Двајцата имаа одлична соработка кога беа дел од Ливерпул”, изјави Игуаин.