Игуаин стартер против Нигерија, се враќа и Ди Марија

Аргентина вечерва игра натпревар на одлука против Нигерија во Санкт Петербург, а според последните информации тимот на Хорхе Сампаоли ќе биде значително изменет од тој во однос на мечот со Хрватска. Нигерија влегува во натпреварот со предност бидејќи и е доволно и реми ако Хрватска не загуби од Исланд, а за Аргентина се освен победа значи простување од Мундијалот.

Се уште се шпекулира дека Сампаоли го „изгубил правото да одлучува“ за тактиката и составот на тимот, а таа работа им припаднала на Меси и Маскерано. Сепак, Сампаоли дефинитивно ќе ја води Аргентина на натпреварот и се очекува поинаква формацијата на „гаучосите“ во однос на натпреварот со Хрватска. Тогаш играа со формација 3-4-3, а против Нигерија се очекува формација 4-4-2.
Во последната линија би требало да играат Талјафако и Салвио како бекови, како и на мелот со Исланд, а штопери Отаменди и Салвио. Четворицата играа и против Хрватска, со тоа што бековите беа штопери, а Салвио беше играч за врска.

Во средната линија се очекува да игра Маскерано, кој стартуваше на двата меча, Анхел ди Марија, кој играше против Исланд, потоа најмногу критикуваниот по поразот од Хрватска, Енцо Перез, кој не играше против Исланд, додека дилемата е само Билј или Банега кои не играа против Хрватска.
Најистурен покрај Меси овој пат треба да биде Игуаин, кој двата натпревари ги почна од клупата, додека е прашање дали Агуеро воопшто ќе настапи откако јавно го критикуваше Сампаоили по поразот од Хрватска.

Аргентина има теоретски шанси за осминафинале и во случај на пораз на Хрватска од Исланд, но тогаш би морала да ја победи Нигерија со поголема разлика од таа со која Исланѓаните би триумфирале против Хрватите.

Селекторот на Нигерија, Гернот Рор најави дека нема да имаат милост за Меси и Аргентина и дека сотојбата во аргентинската репрезентација нема да вијае врз нивната игра.

Меси е голем играч. Мешутоа, нас не не интересира дали ова е ова негово последно првенство. Не дојдовме на Мундијалот да го гледаме него, туку да оствариме добар резулат. Професионаци сме и долќни сме да ги браниме боите на Нигерија. Во фудбалот нема сочуство, сите сакаат да победуваат, вели Рор кој нема да го менува тимот што го победи Исланд.

Натпреварот Аргентина-Нигерија се игра во 20 часот, кога се среќаваат Исланд -Хрватска.