Икарди ги израдува фановите на Интер – останува до 2019 година

Мауро Икарди, аргентинскиот напаѓач кој заврши на врвот на листата на стрелци во Серија А го продолжи договорот со Интер и во клубот ќе остане до 2019 година.

Поради одличните игри во калчото медиумите велеа дека Икарди ќе замине, но тој реши да стави потпис на нов долгогодишен договор со клубот од Милано. Изминатата сезона во Серија А тој стрелаше 22 пати и на листата на најдобри стрелци го дели првото место со Лука Тони од Верона.

Во редовите на Интер, Икарди пристигна од Сампдорија во 2013 година и на вкупно 58 средби постигна 31 гол.