Икарди како наследник на Диего Коста

Агентот на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Мауро Икарди, Улисе Савини, потврди дека неговиот клиент ќе успее и како напаѓач на Атлетико (М), но мали се шансите таквиот трансфер да биде реализиран за време на летниот преоден рок.

„Пред да потпише за Интер, Мауро имаше виртуелен договор со Наполи. Сепак, правилата кои важат на пазарот за фудбалери се покажаа како пресудни кога е во прашање неговиот трансфер во редовите на Интер. Челниците на Интер го сакаа по секоја цена. Мауро е соврШен фудбалер за шпанската Примера дивизион. Атлетико (М)? Можно е да се пресели на “Винсенте Калдерон”, но поголема е веројатноста дека ќе остане на “Џузепе Меаца”. Точно дека има интерес од Атлетико (М) за неговите услуги, но нема ништо конкретно и затоа сум убеден дека ќе остане во Милано. Многу се збори за неговиот приватен живот, но Мауро веќе покажа колку вреди на зелениот терен,” изјави Савини.