Икарди најголема желба на газдата на Монако

Сопственикот на вицешампионот на Франција, тимот на Монако, милијардерот од Русија, Димитри Риболовлев ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Мауро Икарди.

Неофицијално, Риболовлев е подготвен да одвои околу 15 милиони евра за младиот напаѓач кој постојано повторува дека е среќен на „Џузепе Меаца”, но таквото негово расположение сигурно ќе биде променето ако новиот сопсвеник на „нероазурите”, Ерик Тохир, го реализира амбициозниот план за време на летниот преоден рок.

Познатиот бизнисмен од Индонезија потврди дека ќе биде активен за време на летниот преоден рок и дека сака да ангажира напаѓач од светска класа кој ќе има статус на стандарден првотимец.