„Икеа“ се шири во регионов, но ја заобиколува Македонија

Шведската компанија за мебел и предмети за домаќинство „Икеа“ отвори голем трговски центар во Загреб, а планира да отвори и осум продавници во повеќе градиови од регионот, но не и во Македонија. 

Засега, според изјавата на претставникот на компанијата за Словенија и Хрватска, Игор Стефанац, за словенечкиот весник „Финанце“ сигурни локации се  оние во  Љубљана и Белград, а се преговара за локации и во Риека, Сплит, Нови Сад и Ниш.

Објектот на „Икеа“ во Љубљана ќе се гради следната година, на 84 илјади квадратни метри земјиште кое има намера да го купи од словенечката фирма „Триглав“.