ИКЕА затаила данок од 1 милијарда евра

Осомничениот го признал двојното убиство во салонот на ИКЕА

Шведската компанија ИКЕА, се најде под истрага на Европската комисија поради сомнеж дека избегнала да плати данок во износ од 1 милијарда евра во периодот од 2009-тата до 2014-тата година, јавува Си Ен Ен.

Група пратеници од Европскиот парламент од Европската партија на Зелените дојде до ваков заклучок на основа на собрани факти дека компанијата во период од шест години заштедила даноци во земјите од Европската унија, каде има свои продавници.

Во извештајот, што беше објавен минатиот викенд, се вели дека ИКЕА намерно пренесувала пари од нејзините продавници во светот во Холандија. Оттаму, не плаќала даноци за продавниците во Лихтенштајн и Луксембург.

Станува збор за огромна сума од над 1 милијарда евра. Случајот со ИКЕА му покажа на Брисел дека е потребно да се промени нормативната база, која им овозможува на големите компании да не ги плаќаат даноците.

Од компанијата излегоа со кусо соопштение во кое што се вели:

Ги плаќаме нашите даноци во целосна согласност со националните и меѓународните даночни закони и регулативи.