Македонија

Иконостасот и фреските од манастирот од Новаци се неоштетени

Иконостасот и фреските од манастирот од Новаци се неоштетени

Вистинско чудо се случило во Општина Новаци. Штетите во манастирот Рождество на Пресвета Богородица за кои се прептоставуваше дека ќе бидат огромни се многу помали.

Ова е забележеано по дводневното испумпување на водата од манастирот која ја имаше во висина од два метра. Во внатрешноста работниците забележале само 10 сантиметри вода, иконостасот нема никакви оштетувања, а фреските имаат минимални оштетувања информираше денска за ТВ Орбис претседателот на Црковниот Одбор на овој Манастир Вељо Тантаров.

„На почетокот од поплавите велевме дека штетите ќе надминауваат 150 000 евра, но кога го отворивме се зачудивме како е можно манастирот што беше зафатен со толку вода во внатрешноста има само 10 см.Има штета , но најголема придобивка од несреќата е што не беше фатен иконостасот и фреските. Феномен што треба да го објаснува некој друг, не јас – вели Вељо Тантаров“

По претрпените штети во манастирот веќе се јавија и првите донатори кои сакаат да помогнат во санирањето.

Што се однесува за санирањето на фреските, тоа ќе биде работа на уметници, но се чека да се направат консултации со Митрополитот г. Петар. Целосна процена на штетите ќе се знае по целосното повлекување на водата од тоа подрачје.