Македонија,Крими хроника

Илегалци од Албанија краделе пушки во Македонија

Илегалци од Албанија краделе пушки во Македонија

На регионалниот пат за село Врапчиште, гостиварско во неделата затекнати и лишени од слобода се Е.Х(25) и Џ.Џ (22), двајцата од Пешкопеја, Албанија.

Истите, јавуваат од полицијата, на 15.02.2014 година илегално влегле во Македонија, а потоа извршиле провални кражби во четири куќи во село Пожаране, при што одзеле три ловечки пушки и други предмети.

Против лицата е поднесена кривична пријава и судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар им определи мерка притвор од осум дена.