Илегалец од Сенегал нападнат кај Лојане

Државјанин на Сенегал, кој илегално престојувал во земјава, синоќа бил нападнат од непознати лица по што побарал помош од вработените во бензинската пумпа на автопатот Куманово – Граничен премин Табановце, информира денеска полицијата.

Според полициските информации, Сенегалецо синоќа околу 22 часот, заедно со уште неколку други странски државјани, се движел од Лојане кон граничниот премин Табановце кога биле нападнати од непознати лица.

На повредениот, велат од полицијата, му е укажана лекарска помош и се работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.