Илегални мигранти од Пакистан најдени во куќа во Велес

Седдуммина илегални мигранти од Пакистан биле откриени во куќа во Велес  во непосредна близина на железничката  пруга.

Полициските во куќата вчера во 08.30 часот ги затекнале пакистанците Р.А.(36), Н.Р.А.(33), А.Ј.(33), А.Т.(35), К.А.(27), Н.Р.(22) и Н.М.(23).

Истите во Р.Македонија влегле пред четири дена илегално  во близина на граничниот премин Богородица и се движеле пеш во правец кон Србија, а вчера се сретнале со Р.С.(18) од Радовиш со кој се договориле за износ од 190 евра да им помогне да најдат такси за да стигнат на македонско-српската граница.

Кривична за радовишанец за криумчарење мигранти
Кривична за радовишанец за криумчарење мигранти

Откако ги земал парите, Р.С. ги сместил мигрантите во една од собите на куќата каде што живееле неговите родители и малолетната сестра.

Во 11.30 часот  Р.С. бил пронајден и заедно со мигрантите бил приведен во полициската станица во Велес. Против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Истиот е задржан во полициската станица за понатамошна постапка и во текот на денот ќе биде спроведен до Основното јавно обвинителство за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција и основниот суд Скопје-1 во Скопје, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци.