Илегални мигранти ограбиле бегалци во кумановско Лојане

Илегални мигранти ограбиле бегалци во кумановско Лојане. Доцна синоќа, во 00.52 часот во транзитниот камп-Табановце, дошле шест странски државјани, кои според нивно кажување се државјани на Ирак.

Бегалците пријавиле дека врз нив било извршено разбојништво кое се случило во четвртокот околу 10.00 часот во село Лојане, кумановско.

По нивно кажување, разбојништвото го извршиле лица од Пакистан кои исто така престојуваат во село Лојане, кои претходно им се заканувале, а потоа и им одзеле од 1.000 до 2.000 евра од секое лице посебно.

СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.