Илиеска: Благодарение на општината и Владата на ВМРО-ДПМНЕ Крушево стана балканска културна дестинација

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите панел дискусии, каде денеска беше презентирана работата на локалната самоуправа во Крушево. Асистентката на градоначалникоит на Општина Крушево, Елена Илиеска кажа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ сегментот култура го развивала да може да биде попристапен до сите граѓани, особено до граѓаните во помалите рурални места.

„Благодарение на Министерството за култура во 2014 Крушево беше балканска културна дестинација, односно го понесе епитетот град на култура за 2014 откако министерството ја прифати програмата аплицирана од Општина Крушево. На тој начин во Крушево во 2014 се реализираа повеќе од 70 културни настани“, изјави Илиеска.

Илиеска кажа дека благодарение на Министерството за култура, Крушево реализираше една програма која се викаше „Крушевско лето“ и „Крушевска зима“, со средства токму од министерството, во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, како и секако Општина Крушево.

„Исто така, благодарение на Министерството за култура, Крушево станува градина на музички таленти од цела југоисточна Европа, односно спомен куќата на Тоше Проески, станува расадник за тие таленти, односно веќе три години по ред се одржуваат музички работилници, со покровителство од министерството“, изјави Илиеска.

Рече и дека не смее да се заборават и стандардните манифестации како „10 дена Крушевска Република“ и „Крушево етно град“. Таа напомена дека и во културната инфраструктура било инвестирано многу, една од тие е спомен куќата на Тодор Проески.

На истата панел дискусија градоначалникот Ѓорѓи Димчевски рече дека за Општина Крушево во патната инфраструктура инвестирака повеќе од милион евра. Дамчески кажа дека во неколку места биле поставени околу 500 водомери, целта на општината била да се спречи ненаменското трошење на водата и реално плаќање.

„Она што како локална самоуправа го направивме во минатите четири години е инвестирање во патната инфраструктура во општина Крушево, инвестиравме повеќе од милион евра во патната инфраструктура“, изјави Дамчески и додаде дека бидејќи нивната цел е да биде Крушево голем туристички центар, реконструирани биле патовите кон градот.

„Во самиот град поплочивме со бехатон плочки повеќе од 7.000 метри квадратни улици во градот и другите населени места“, изјави Дамчески.

 

Напомена, исто така, дека при подобрувањето на оваа патна инфраструктура не биле запоставени ниту помалите места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.