Македонија

Илиевска: Протестите во Тетово ќе продолжат додека тетовчани не ги добијат основите потреби за живот

Илиевска: Протестите во Тетово ќе продолжат додека тетовчани не ги добијат основите потреби за живот

Милена Илиевска претставник на граѓанскиот сектор поточно претставник на граѓанската иницијатива ,,За почисто Тетово’’, која беше гостин на панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ, го изрази својот револт во однос на проблемот кој Општина Тетово го има со загадувањето.

Таа изјави дека градоначалничката на Тетово Теута Арифи во предизборието имаше низа ветувања за изградба на претоварна станица според европски стандарди, која ќе биде изградена најкасно до 2015 година со која ќе реши проблемот со отпадот во Тетово. -Ветувањата на Арифи не застанаа кај претоварната станица ние имавме ветувања и за спортски центри за млади и паркови, но не добивме ништо, додаде таа.

Граѓанската иницијатива за почисто Тетово во изминатиот период во континуитет предупредувала пресови и изјави за медиумите за тоа што може да се случи со депонијата особено по примерот што го имавме со Струга. Предупредувањата од граѓанската иницијатива биле во контекст дека во Тетово може да се случи нешто многу пострашно и посериозно од она што се случи во Струга. Токму еден таков немил настан се случи вчера во Тетово.

Според сведочењето на Милена Илиевска кога луѓето првпат ги виделе црните чадови кој доаѓале од депонијата биле видно растревожени и потресени. За Илиевска е срамно во студентски град, дом на два универзитета младите секојденвно да вдишуваат канцерогени честички. ,,Вчера ни се случи балканска Хирошима’’. Таа додаде дека според некои истражувања Тетово е најзагадениот град во светот- Денес за последен пат беше измерена алармантна бројка на ПМ честички во воздухот и потоа мистериозно мерната станица престана да работи’’.

-Тетовчани во континуитет немаат вода, сега снемува воздух, ние пошумуваме некој друг сече. Во Тетово не се почитуваат основните човекови права и потреби и сето тоа мора да запре. Протестите на граѓанската иницијатива за почисто Тетово ќе продолжат додека тетовчани не ги добијат основите потреби за живот, изјави Илиевска.