Илиевски до пратениците: Еве го браникот – не помислувајте да правите нешто спроти волјата на народот

-Маја Коцијанчиќ и Јоханес Хан, треба да одговорат една работа, треба на сите нас да ни кажат дали како што бара Тиранската платформа, дали во Брисел се ослободуваат лица судени или  осудени за убиство по етнички клуч, дали во Брисел така прават. Тие се одговорите што треба да ги дадат Коцијанчиќ и Хан, а не да ни кажат дека треба брзо да избереме претседател на Собранието. Никој овде на избори не гласал за Тиранска платформа, ниту еден милион и 100 илјади Македонци не гласал за Тиранската платформа, изјави Илиевски.

Тој порача дека на пратениците не им дале мандат за Тиранска платформа, за бинационална и двојазична држава тука за заедничка Македонија

-Тиранската коалиција денеска сака да го ограничи правото на слобода на говор на пратениците во ова Собрание, тоа нема да го дозволиме. Тука го браниме овој дом, кој е дом на политичката волја на сите граѓани. Ние сме им дале мандат на тие луѓе според одредена програма, не за Тиранска платформа, не за двојазична држава, не за бинационална држава, да за заедничка Македонија. И ќе бидеме тука и утре, ќе бидеме уште повеќе уште побучни, уште поспремни и уште поодлучни. Со народ никој не смее да си игра, не смее да се прават глуви, еве го браникот, еве ги барикадите. Нема да се повлечеме, тоа треба да им е јасно, да не помислуваат да прават нешто спроти волјата на народот, порача Илиевски.

Тој во делот кој го најави како хумористичен, го поздрави сопругот на Фросина Ременски, кој со полициска Моторала денеска бил меѓу граѓаните и му порача дека народот не му се плаши.

-Сакам да ви кажам дека денеска меѓу нас беше сопругот на Фросина Ременски, Јовче со полициска Моторола, следеше тука, се шуњаше меѓу нас, добро е што дошол има што да види, горд и освестен народ. Џабе Јовче, не ти се плашиме, такви удбашки финти продавај си во тиранската коалиција, можеби кај нив ќе палат овде меѓу нас не и добредојден си кога сакаш, да видиш колку не има и да се помислиш колку може да бидеме, му порача Илиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.