Видео: Илиевски и Цибона славеа на гости кај Олимпија

Со огромен пресврт во второто полувреме, тимот на Цибона славеше на тешкото гостување во Љубљана против Олимпија.

Иако на полувремето водеа со 50:35, а пред крајот на мечот и со 72:60, сепак гостите направија фантастична серија од 17:2 и победија со конечни 74:77.

Најзаслужни за овој триумф беа Сиришевиќ и Лалиќ кои постигнаа по 16 поени, додека нашиот Владо Илиевски, кој исто така настапува во хрватскиот тим, реализираше 8 поени, 4 скока и 3 асистенции.

14 коло АБА лига:

Цедевита – Крка 100:75
Партизан – Шолнок 62:55
Игокеа – Задар 71:56
Олимпија – Цибона 74:77