Илиевски: И денешниот гостин е испратен како што треба

Повторно, 51 ден, застануваме за да ја искажеме својата благодарност и почит кон човекот кој постојано на најразноразните второ и третокласни бирократи им кажува каде им е местото, истакна денес Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Ним не им е местото ниту во Народната канцеларија, ниту во Вилата Водно на средби со претседателот на Република Македонија. Место на средба со претседателот, најмуваат луѓе кои нè нарекуваат славомакедонци, луѓе кои не ја осудуваат Тиранската платформа, луѓе кои не го изговараат името на нашата држава. И денешниот гостин е испратен како што треба да биде испратен. Му благодариме и го охрабруваме Ѓорге Иванов да продолжи да го брани суверенитетот на Република Македонија, вели Илиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.