вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 52

Илиевски: И на дожд, и на студ, и на сонце, а ако треба и на снег, тука сме на нашата патека

bogdan-ilievski1-640x425

Последни вести

Вака се сака сопствената држава. Ова не е натчовечки напор, напротив ова најчовечки напор. И на дожд, и на студ, и на сонце, а ако треба и на снег, тука сме на нашата патека и не си одиме дома, порача на денешниот протестен марш во Скопје еден од организаторите на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.

Вели дека борбата нема вредност, борбата е за нашата татковина.

– Затоа што нашата борба нема вредност, нашата борба е за нашата татковина, за земјата во која сме се родиле и во земјата која ќе умреме. Земјата која нема да дозволиме да ни ја кројат ниту комшиите, ниту некој од понадвор. Земјата која нема да дозволиме да стане двонационална и двојазична. Земјата за која се бориме 52 дена, да продолжи да биде Заедничка Македонија за сите нејзини граѓани, истакна Илиевски.

Посочи дека тоа што денеска не бил избран претседател на Собранието кој ја нема отфрлено и осудено Тиранската платформа е уште една голема победа на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

– Ја одбранивме нашата заедничка изборна волја, бидејќи никој не гласаше за платформа подготвувана во Тирана и никој нема право да се обидува со пост-изборни малверзации, на шверцерски начин да ја изманипулира волјата на повеќе од 1 милион и 100.000 граѓани на Македонија. Затоа сме на нашиот пат и на него ќе останеме се до конечната победа, рече Илиевски.

Најчитани вести