Илиевски: Ќе бидеме тука додека постои човек кој ја сака заедничка Македонија

Протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ траат веќе 17 дена и секој ден се помасовни и помасовни.

Еден од организаторите на протестите Богдан Илиевски, упати благоданост до камионџиите кои денеска се придружија на овој марш.

Денеска сме најмногу, 17-от ден, дефинитивно најмногу. Ги повикуваме да се придружат сите. Денеска поддршка ни дадоа камионџиите, фала им што дојдоа во толку “мал“ број, ако дојдеа повеќе кај ќе се паркираа, прашува Илиевски.

Илиевски упати „благодарност“ до оние кои не штедеа зборови да ги навредат граѓаните кои ја сакаат својата држава, но и се заблагодари на академиците од МАНУ, кои се достојни за својата функција и си ја бранат државата.

Би сакал и денеска да и упатиме срдечен поздрав на госпоѓата која ве нарече изманипулирана толпа, која бранела криминалци, академик Катица Ќулакова, голем поздрав за неа, а од срце ги поздравуваме мажите и дамите во МАНУ, кои се вистински достојни за својата функција и си ја бранат државата, си го бранат јазикот, суверенитетот, мултиетничноста и соживотот.

Илиевски упати поздрав и до Петар Гошев, кој вчера ги навреди уметниците и граѓаните кои маршираат за заедничка Македонија.

Исто така би сакал да упатиме поздрав до еден поранешен гувернер, кој не нарече коњи со узди, голем поздрав за Петар Гошев. Сакам уште еднаш да го поздравиме најголемиот мачкар меѓу дипломатите, Питер Ванхауте.

Илиевски најави дека додека е тоа потребно за државата, тие ќе бидат на улиците.

Голем поздрав и за вас, овој поздрав кој можеби не ви се допаѓа, го слушате 17 дена и ќе го слушате се додека треба и се додека постои Македонец кој ја сака заедничка Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.