Илиевски: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар

Никакво насилство не оправдуваме, насилството е лошо, ние 60 дена сме на улиците со љубов, со добра енергија, мирни достоинствени и горди, денес се обидоа да направат државен удар, се случи народ, никој тоа не може да го контролира, истакна Богдан Илиевски од пред Собранието на Република Македонија.

„Едно е јасно тука сме и овдека каде што сме ќе останеме се до конечната разврска на ситуацијата, како што кажав многу одамна нема потреба тука да има ограда, нема ограда меѓу граѓаните и нивните граѓани, ние сме оградата, ние сме црвено жолтата линија која го брани законодавниот дом и ние ќе останеме тука точно каде што сме, ова може нема да биде само долга вечер, можеби ќе се два, три, пет, недели, но луѓе немаме друга опција“, рече Илиевски.

Ги покани сите кои ја сакаат оваа држава да се организираат и да останат пред Собранието на Македонија и да не и дозволат никој на оваа земја да и наштети.

„Шеесет дена во мирен, мирољубив пат сакавме да го изодиме патот, ова што денеска се случуваше во Собранието беше провокација на која за жал некои подпаднаа и предизвикаа насилство, насилството го осудуваме, упорноста е таа со која ќе се бориме“, истакна од пред Собранието на Македонија Борис Дамовски.

Рече дека граѓаните од граѓанската иницијатива За заедничка Макдонија остануваат пред Собранието и ќе чекаат разврска од утрешната лидерска средба кај претседателот Иванов.