Илиевски за сообраќајката: Немам ни гребаница, a за ликувањата нека им суди Горниот

Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ синоќа доживеал сообраќајна несреќа. Илиевски, вели дека е добар и се прашува од каде толкава омраза мислејќи на функционерот од СДСМ кој вечерта на несреќата му се смеел. Деталите кои тој ги споделува со јавноста преку социјалната мрежа Фејсбук ви ги пренесуваме интегрално во продолжение.

Без многу драмење, вака стојат нештата:

-синоќа на пат за дома виа Силбо без во автомобилот (сребрениот мерцедес) на наш многу добар пријател, заедно со брат ми – јас седев на задно, брат ми на сувозачко седиште

-50 метра пред вртењето за Силбо од средна во десна лента, уредно со сигнализација и брзина по пропис (што е и нормално кога треба да вртиш), од позади со голема брзина не удира црн мерцедес, без свирење, без ништо. Шибал во трета лента, имал доволно време малку да не избегне и да не удри на ќошот на автомобилот. Слушнав само тресок, не ми беше јасно што се случува, се вртевме неколку пати и застана колата. Луѓе моментално дотрчаа на помош, излеговме прекачувајќи се преку вратите кои беа свртени нагоре.

-Сите помагаа, сите, со води, благо, нудеа брза помош итн итн, освен некоја мала шуга на која поважно и било на Српче кандидатот за градоначалник на Центар, директор на ПОЦ и сопственик на Центарњуз да му го подзамие праќајќи му слики кои он ќе ги објави само во контекст на сообраќајка, слика од мене и од две скршени коли, ќе напише „бетмен славеше за мандатот“, ќе ја постави перцепцијата дека јас сум сторил некое зло пошо нели Српче ме објавува, а сме од башка табори, сигурно нешо сум засрал, па ќе ликува на незгода и ќе овозможи масовно оргијашење на фејс се во рамките на нечовечките параметри кои ги поставија он и мактеловци, докази и слични дилајли.

-Ако бев и јас мала шуга ко нив, ќе го прогласев ова за обид за убиство. Фала богу ниту сум, ниту беше таков обид, дечкото не беше под дејство на алкохол, исто како и шоферот на нашата кола, но за жал јебига ни возачка дозвола ни 18 години имаше. Други описи се небитни, човек е човек, згрешил за среќа без последици (освен објавите на вакви мегаморонски постови „бетмен славеше мандат кекеке“.

Па види ја колата бе дечко, можевме многу лесно во семафор да влеземе и сеа да не е уопште смешно шо некој малолетник со црна мечка не зденал од позади со сто на саат, а тебе тоа ти е баш вицкасто и духовито пошо ти си славел мандат и мозокот не ти работел посабајлечки.

Не ми е јасно како колата во која бевме се намести на онаа позиција, меѓу семафор и стубчиња… како некој со рака да ја ставил таму. Имало Господ и Фала му на Бога.

Немам ни гребаница, нека не се секира никој.

А на ваквите ликувања над сообраќајки на неистомисленици, нека им суди Горниот. Човече боже, какви дегени има, еј. Која е бре оваа омраза, од каде е, како било кој може да ја заслужи и дали сте свесни што правите?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.