Илија Димовски до Сугарески: Престанете со лични навреди и осуди кон пратениците

Јас имам реагирано и порано, но и сега реагирам за лични навреди и осуди на пратеници кон пратеници. Мислам дека тоа не е добро и е надвор од здравиот разум и однесување посебно заради тоа што сите овде сме еднакви. А за тоа кој каква одговорност сноси овде си има и закон и институции и на крај си има и граѓани“, со овие зборови Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски реагираше на навредите кон пратениците и се обрати до својот колега од СДСМ Горан Сугарески.

Димовски посочи дека секој пратеник има лична одговорност за тоа како ќе се однесува во Собранието и за тоа одговара пред законите но и пред граѓаните.

Значи нити Сугарески одговара пред Љупчо Димовски, нити пак Љупчо Димовски одговара пред Горан Сугарески. Тие двајца си одговараат пред законот и пред граѓаните. Врз база на оваа логика врз која што Сугарески ја тера за Љупчо Димовски јас можам дека Зоран Заев го стави за координатор Сугарески и затоа му е должен и го брани за аболицијата за случајот Глобал да не биде поништена и има личен интерес да се оддолжи бидејќи е ставен за координатор на Пратеничката група на СДСМ иако можел некој друг да биде тоа. Тоа е нездрава логика. Ви кажувам како личи од страна и затоа ве молам да не ја применувате таа логика кон никого. Секој овде има право да си постапува и одлучува онака како што расудува и како што мисли според совести и според свест. Најмалку е потребно меѓу пратениците да се поставува ваков однос, посочи Илија Димовски.

На крајот, Илија Димовски потенцираше дека нема намера да ги спречува пратениците од СДСМ во своите навреди и испади кон пратениците, но дека како што кажа тој, мора да укажат на грешките кои СДСМ веќе подолг период свесно или несвесно ги прави во Собранието.

Но во ред, вие сте тргнати по една патека и вие си носите одговорност за вас. Ние не можеме да ве спречиме, но ви укажуваме на грешките кои што ги правите, заврши Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.