Балкан

Илија се сретна со Русинот Валериј кој го спаси од поплавите

Илија се сретна со Русинот Валериј кој го спаси од поплавите

Српскиот спасувач Илија Драгославич, кој заедно со неколку доброволци од Земун учествувал во акциите за спасување на Обреновац, отишол во Шабац за да му се заблагодари на рускиот херој Валериј Локтинов, кој му го спасил животот скокајќи од мост во вода.

Иако се сретнале само еднаш во катастрофални услови, тие веднаш се препознале.

-Валериј бескрајно ти благодарам. Моето семејство и јас ќе ти бидеме благодарни до крајот на животот, рекол Илија, по што го прегрнал Валериј.

Некое време само се гледале еден со друг, а потоа Илија на рускиот спасувач му ги дал подароците кои ги купил за него.

Русинот Валериј истакнал дека бил подготвен да го загуби животот само да го спаси Илија од надојдените води.