Спорт

Илина Арсова го информираше Спасески за проектот „7 врвови на 7 континенти“

Илина Арсова го информираше Спасески за проектот „7 врвови на 7 континенти“
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески организираше прием за Илина Арсова, првата жена од Македонија освојувач на Монт Еверест.
Арсова го информираше директорот Спасески за остварените средби во Канада и за извршените промотивни презентации и средби со иселениците-Македонци.
Воедно Арсова го информираше директорот Спасески за наредниот потфат кој планира да го реализира од нејзината страна а тоа е комплетирање на проектот „7 Врвови на 7 континенти”. До сега Арсова ги има искачено највиските три врвови – Аконкагва  (Јужна Америка), Килиманџаро (Африка) и Монт Еверест (Азија).
Арсова во јуни планира да го искачи Елбрус – 5650 метри надморска височина (Кавказ Русија) а исто така во август Чоју, 8.110 метри надморска височина.