Илинден денеска без струја

ЕВН Македонија АД соопшти дека денес без струја од 6:15 до 8:15 часот ќе бидат објектите на Петрол, Чеза Комерц, Бунар Белви, Вичишки, Макпетрол и Белви – исклучен извод Белви во општина Илинден.

Поради технички зафати во мрежата, прекини на електрична енергија ќе има и во понеделник, на 1-ви декември, од 8:00 до15:00 часот во поголемиот дел на Момин Поток, од 10:00 до 12:00 на улицата „Римска“ бр. 7, 9 и 11-А, од 11:00 до 15:00 на улицата „Крчин“ и од 10:00 до 11:00 во викендичките во Патишка Река и во Држилово.