„Илинден“ со осуда за барањето на СЈО за притвор на Темелко

Македонското друштво „Илинден” и неговиот огранок за Голо Брдо најостро ја осудуваат мерката за приведување по наредба на Специјалното јавно обвинителство на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.

Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат „итно извинување“ за навреда на неговата чест и углед, што во истовреме е и навреда за Македонците во Република Албанија, стои во соопштението на друштвото.

Приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко, се наведува понатаму во соопштението, „Илинден“ го оценува како антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден” и неговиот огранок за Голо Брдо најостро ги осудуваат и ги сметаат за срамни коментарите на Јулиан Ангелов, генерален секретар на ВМРО-БНД и пратеник во бугарското собрание.