Илинден-Тирана: Одземањето на правото на глас е неприфатливо

Друштвото на Македонци Илинден-Тирана остро ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на Македонците надвор од Македонија да гласаат за претседателски и парламентарни избори во земјава во трите изборни единици во дијаспората.

За нас, предлогот за одземање на правото на глас  на Mакедонците надвор од Република Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на Mакедонците надвор од Република Македонија.

Бидејќи ние Mакедонците надвор од Република Македонија сакаме да учествуваме во градењето на слободна и демократска држава, имаме  право најпрво заради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината. Македонците надвор од Република Македонија се клучен партнер на Република Македонија и  интегрален елемент за унапредување на Репулбика Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата.

Истовремено, Македонците надвор редовно ја посетуват Македонија и со нивното  доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Затоа Македонците надвор од Република Македонија мора да продолжат да ги ужива право на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија.

Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Република Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците, стои во соопштението.

Македонско друштво ИлинденТирана

Зошто СДСМ е против гласање на дијаспората, ако граѓаните „се иселуваат поради лошата власт”?

Зошто најголемата опозициска партија во земјава е противгласање на дијаспората на претстојните избори доколку „стотици граѓани се иселуваат поради лошата власт“? Ова е прашањето што денес порталот „Курир“ го актуелизира во анализата посветена на актуелната тема поврзана со правото на глас на македонските иселеници.

Ако се земат во предвид постојаните обвинувања од СДСМ на сметка на актуелната власт дека стотици илјади луѓе се иселуваат од земјава поради незадоволството од владејачката партија, тогаш сосема логично се поставува прашањето „Зошто опозицијата е против гласањето на дијаспората на престојните избори, кога токму поради „незадоволството“  овие иселеници се голем потенцијал за нивни гласачи.

Ова прашање неминовно се наметнува деновиве, откако беше најавено дека една од точките по кои дебатираат работните групи за спроведување на договорот од Пржино е гласањето на дијаспората.

„Незадоволните иселеници“ – голем потенцијал за СДСМ

Порталот „Курир“ нагласува дека СДСМ и опозициските медиуми изминатиов период излегоа со низа небулози дека последниве 9 години се иселиле стотици илјади граѓани, споменувајќи бројка од 200 до 300 илјади лица.

Според тврдењата на опозициските експоненти и самиот СДСМ, причината за иселувањето на овој огромен број лица била поради лошите политики на актуелната власт и лошите постапки на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Доколку тоа навистина е така, како што тврди СДСМ, тогаш се поставува дилемата зошто токму оваа партија е против гласањето на дијаспората на претстојните избори и зошто СДСМ и соросовите медиуми упорно се залагаат да се укине гласањето на иселениците, прашува „Курир“.

Порталот нагласува дека според логиката и математиката на СДСМ и опозициските медиуми, стотици илјади незадоволни и иселени во последниве 9 години се голем потенцијал за нивни гласачи, бидејќи според нивните тврдења тие ја напуштиле земјава незадоволни од актуелната власт.

Од сето ова произлегува дека СДСМ очигледно некаде лаже и е неконзистентна, бидејќи нема никаква логика да не сака да гласаат оние кои незадоволни од нивниот политички опонент ја напуштиле Македонија, пишува „Курир“.

Иселениците едногласни: Правото на глас мора да остане

Инаку, по актуелизацијата на прашањето за гласање на дијаспората деновиве со низа реакции се јавија македонските иселеници, кои едногласно порачаа дека гласањето мора да остане.

Меѓу оние што по пат на писмени реакции и соопштенија реагираа во врска со ова прашање се и Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), Македонската Алијанса, Советот на македонската заедница од САД. Здруженијата јасно порачаа дека и дијаспората има право на глас  и тоа право мора да се заштити.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) соопшти дека ги осудува сите напори кои би наштетиле или би им го одзеле правото на македонските иселеници да гласаат на претседателски и парламентарни избори во Република Македонија во трите изборни единици во дијаспората.

За нас, предлогот за одземање или дополнително отежнување на правото на глас на дијаспората претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување кон оние кои имаат континуиран и огромен придонес за економскиот развој на Република Македонија, како и за добивање меѓународна поддршка околу пристапот на државата во Евро-атлантските институции како НАТО и ЕУ, се вели во соопштението.

Од Македонската Алијанса ги повикаа сите политички субјекти во Република Македонија да не се пазарат со основното демократско право на македонската дијаспора, да избира и да биде избрана за да влијае на општествените текови во татковината.

За Македонската алијанса избирачкото право е основно политичко право на граѓаните и претставува обележје на современите, демократски, плуралистички држави кое е загарантирано со Универзалната декларација за правата на човекот од 1948 година.

Ние сме свесни дека веројатно има одредени прашања кои можат да се подобрат, но секој почеток е тежок и секогаш постои можност правилата да се унапредат врз основа на претходните искуства. Ние имаме разбирање за фрустрацијата на одредени политички партии, кои својот неуспех да се наметнат програмски во дијаспората сакаат да го решат со иницијативи за укинување на нивното право за гласање, се вели во соопштението од Македонската Алијанса.

Реакција стигна и од Советот на Македонска Заедница, национален центар Детроит, кои порачаа дека нивната насоченост кон татковината е мотивирана со желбата за придонес, но и вербата дека напредокот и благосостојбата на Македонија зависат меѓу другото и од степенот на вклученост на дијаспората и нејзиниот непроценлив потенцијал во развојот на Македонија.

Здобивањето со избирачко право во Македонија беше долготраен, но и долгоочекуван  процес и ние нема да се откажеме од него. Советот на Македонската Заедница ќе продолжи да се бори за одржување на двонасочна и ефективна врска со Македонија, а ние цврсто сме убедени дека суштински инструмент во таа насока е неоттуѓивото и со Устав загарантирано право на глас на бројната македонска дијаспора, велат од ова здружение.