Илинден утре без струја, во вторник Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без електрично напојување ќе останат жителите од општина Илинден, а додека пак во вторник, корисниците од Бутел, Карпош, Ѓорче Петров и друг.

Ова се општините каде овие два дена нема да има струја:

На ден 06.09.2014 ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.30 до 07.30 часот, корисниците од насела Бела Земја во Илинден, дел од корисниците од селата Кадино и Марино, како и објектот на фирмата Хавеп во село Кадино. ( општина Илинден )

На ден 09.09.2014 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.30 до 07.30 часот корисниците од индустриската зона Визбегово. ( општина Бутел )
– во периодот од 08.30 до 12.00 часот, корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец. ( општина Сарај )
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците: Хо Ши Мин, Краишка и Натанаил Кучевишки. ( општина Бутел )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од насела Бела Земја во Илинден, дел од корисниците од селата Кадино и Марино, како и објектот на фирмата Хавеп во село Кадино. ( општина Илинден
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 1 во село Мирковци. ( општина Чучер Сандево )

– во периодот од 09.30 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Моцартова. ( општина Ѓорче Петров )
– во периодот од 10.00 до 15.00 часот, корисниците од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.196. ( општина Карпош )