четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 49

Илинденскиот марш тргна кон Крушево – Димитриев ги испрати коњаниците (ФОТО)

Премиерот Емил Димитриев вечерва присуствуваше на свеченоста на која 27 коњаници од Горно Лисиче тргнаа на традиционалниот илинденски марш кон Крушево каде што ќе стигнат на Денот на Републиката 2 Август – Илинден.

dimitriev7-640x420

Поврзани вести

Премиерот Емил Димитриев вечерва присуствуваше на свеченоста на која 27 коњаници од Горно Лисиче тргнаа на традиционалниот илинденски  марш кон Крушево каде што ќе стигнат на Денот на Републиката 2 Август – Илинден.

Придружени од фаланга составена од дваесетина членови – играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, коњаниците тргнаа денеска попладне од паркот „Јане Сандански“ во Аеродром и, минувајќи низ главните булевари на општината, стигнаа во Горно Лисиче каде во црквата „Свети Петар и Павле“ добија благослов за претстојниот шестдневен пат.

dimitriev8-640x476

Организатор на манифестацијата е Здружението „Илинденски марш 1978“  од Горно Лисиче, а покровител на нејзиното годинашно, 38-мо издание, е премиерот Емил Димитриев.

Тој во говорот истакна дека со оваа манифестација се зачувува споменот за славната илинденска генерација, искажа задоволство што со ентузијазам и емоции се чува една традиција и ги поздрави сите учесници на коњичкиот марш.

dimitriev2-1-640x497

Тоа е дел од нашиот идентитет, тоа е дел од нашето постоење како народ, тоа е нашата историја, а како што вели една убава мисла: „Историјата е сведок на времето, светлина на вистината, живот на спомените, весник на минатото и учителка на животот“. Токму затоа, да ги чуваме и да ги пренесуваме на следните генерации спомените за славните илинденци, спомените за тоа како се сака и како се гине за Македонија, рече Димитриев, прогласувајќи го почетокот на „Илинденскиот марш 2016“.

dimitriev3-1-640x380

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во обраќањето на собирот рече дека маршот кон Крушево симболично значи марш кон слободата, марш за самостојна, обединета и слободна Македонија зашто, како што рече, во 1903-та вакви маршеви од цела Македонија биле упатени кон славното Крушево. Истакна дека маршот е оддавање почит кон сите кои во периодот на Илинденското востание ги дале своите животи за слободна Македонија.

dimitriev11-640x411

Перо Цаца, еден од 27-те коњаници кои заминаа кон Крушево, изјави дека настанот не е празник само за Горно Лисиче и за Општина Аеродром, туку и за Република Македонија.

dimitriev10-640x396

Ова е голем адет кој мора да си го исполниме, не заради нас и нашите илинденци од 1903-та, туку за нашите деца, за младите да не заборават кои се нашите корени, од каде потекнуваат, какви биле нашите војводи, што работеле, за што се бореле. Ние се трудиме колку  можеме да придонесеме младите да разберат кои сме ние, изјави Цаца, кој шеста година учествува во маршот.

dimitriev-1-640x414

Признанија за учество во маршот добија и здруженија од други општини од Македонија. Собирот во Горно Лисиче за испраќање на коњаниците кон Крушево продолжи со огномет, со народни песни и ора и настап на  пејачи од естрадата.

Најчитани вести