Илиоски: Единствено изборите се начин на легитимирање на една власт

ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија смета дека единствено изборите се начин на легитимирање на една власт. Народот е тој што ја дава и ја зема власта, рече на денешната прес-конференција заменик-координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

Како партија бевме спремни на 5-ти јуни да излеземе на избори и да дадеме можност на народот да го каже своето размислување околу политичката ситуација во државата. Одлуката на Уставниот суд, ние како политичка партија ќе ја почитуваме. Сметаме дека не е во насока на размислувањата на нашата партија и во насока на нашето дејствување, меѓутоа Уставниот суд е институција која што треба да биде почитувана во оваа држава и ние како таква ќе ја почитуваме, рече Илиоски.