Илиоски: Идејата ни е да направиме општинско собрание за да ги слушнеме идеите, предлозите и проблемите на Битолчани

Кандидатот за градоначалник на општина Битола Зоран Илиоски денеска присуствуваше на форум организиран токму од него и неговата политичка партија.

-Ова е пример за покажување на транспарентност на нас како кандидати за советници и за градоначалник и така и планираме и понатаму да работиме. Идејата е да бидеме во непосреден контакт со граѓаните тука на широк сокак и да направиме отворено општинско собрание да ги слушнеме нивните идеи и предлози и проблеми, потенцираше Илиоски.

Тој додава дека и понатаму планираат отворено и транспарентно да комуницираат со граѓаните.