Илиоски: Народот ќе пресуди кој од кого краде идеи

Нашата работа, нашата програма се состои од идеи кои што ги прибираме од страна на граѓаните и тоа во овој момент го работиме и се припремаме за наредната програма и наредните избори кои што ќе се случат на 24 април следната година. На крајот на краиштата, народот ќе пресуди кој од кого краде идеи.

Ова денес на пресконференција го изјави заменик  координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски.

Интегрален текст од изјавата на Илиоски:

Мило ми е што СДСМ конечно почна да размислува малку како ВМРО-ДПМНЕ и почна да предлага закони во Собранието на Република Македонија. Разликата меѓу нас и нив е тоа што ние кога ги предлагаме законите ги работиме студиозно бидејќи сметаме дека секој закон треба добро да се обработи пред да се пушти во Собранието на Република Македонија.

Мило ми е што јавно изразија задоволство за предложениот закон и дека ќе гласаат за него и ги повикувам да си опстојат на таа нивна изјава бидејќи во минатото многу често знаеја едно да кажат од сабајле, а попладне да го променат ставот.

Инаку, кој краде и кој има идеи, се гледа од досегашното работење на ВМРО-ДПМНЕ. Значи нашата работа, нашата програма се состои од идеи кои што ги прибираме од страна на граѓаните и тоа во овој момент го работиме и се припремаме за наредната програма и наредните избори кои што ќе се случат на 24 април следната година. На крајот на краиштата, народот ќе пресуди кој од кого краде идеи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.