Илиоски: Конституирањето на парламентарното мнозинство е изигрување на изборната волја на граѓаните

На последните предвремени парламентарните избори Во Република Македонија победи ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „За подобра Македонија“ и всушност конституирањето на парламентарното мнозинство е на еден начин изигрување на изборната волја на граѓаните, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Самиот претседател на СДС и сегашен премиер на своето експозе не повика како опозиција да бидеме конструктивна, не повика како опозиција да бидеме инклузивни и самиот тој вети дека тие како власт ќе направат се да добијат и од наша страна да добијат фидбек и повратна реакција во процесите кои што ќе се одвиваат и во Собранието и во државата. На еден начин како опозиција ние тоа го правиме. Во овој изминат период може да видиме дека ние како опозиција во парламентот поднесовме седум закони, додека, пак, власта поднесе четири закони, а квантитетот значи и квалитет ако се види кои закони се поднесени. Конкретно поднесовме закон за зголемување на платата на докторите, заедно со сеопфатен закон за решавање на статусот на докторите“, нагласи Илиоски.

Според Илиоски, СДСМ како власт имаат одговорност за водење на државата, имаат одговорност за функционирање на парламентот, имаат одговорност на носење на закони и дека ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција и подава рака на контруктивност.

„Моравме да се поделиме на повеќе групи затоа што досега од изминатите дејствување на СДС не видовме дека имаме кооперативност. Ако сакаат тие да бидеме конструктивни и да влијаеме конструктивно на процесите кои што тие сакаат да ги спроведат мора и тие да бидат конструктивни, да нѐ почитуваат и нас како пратеници. СДС во 2006-та направи повеќе пратенички групи, оваа не е ништо ново,  што ние го измисливме“, рече Илиоски

Илиоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се вклучени и не е кажано што власта разговарала во Атина, ниту што се договриле со Бугарија и дека за СДСМ за ништо не разговарале со ВМРО-ДПМНЕ.

„Да му кажам на господинот Максим дека се на власт и дека тоа што го заговараат имаат катастрофална економска политика која што мислат да ја спроведат, меѓутоа на крајот на краиштата треба да почнат да работат и да носат резултати. За брзо време ќе помине медениот месец на владата и ќе треба да го испорача тоа што го ветуваше пред избори. Собранието ако сака да функционира како што треба да функционира инклузивно според зборовите на сегашниот премиер мора и позицијата да има предвид дека и опозицијата е пристуна во Собранието“, потенцираше Илиоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.